Одлична игра - можеме да се бориме за трите бода

Со резултат 1-1 македонските фудбалери заминаа на пауза по првото полувреме. Први мрежата ја затресоа Австријците во буквално првата шанса што ја имаа. Штефан Лајнер го искористи одличниот центаршут на Марсел Сабицер во 18. минута.

Но 9 минути подоцна капитенот Горан Пандев одлично се снајде во шестнаесетникот и израмни со историскиот прв гол на едно Европско првество за Македонија.

Македонските фудбалери играат одлично и се носат рамо до рамо со Австријците.

13.06.2021 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега