Од ДУИ се пожалија за продолжениот притвор на Бектеши: Ова е селективна правда

 

Продолжувањето на притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши, додека другите инволвирани во истиот случај – вклучително и градоначалниците на Кочани – се наоѓаат вжна слобода, претставува јасен пример за селективна правда, велат од ДУИ во писмена реакција испратена до медиумите, а во врска со продолжениот притвор на Бектеши кој е осомничен за несреќата во дискотеката Пулс во Кочани.

„Ова не е само двоен правен стандард – туку отворена политичка, етничка и партиска дискриминација, што претставува навреда за секој граѓанин на Република Северна Македонија.

Дополнително, иако сведоците и родителите на жртвите јасно ги имаат посочено вистинските виновници, само поранешниот министер Бектеши сè уште се држи изолиран – за да се заштитат вистинските виновници.

Транзакциското обвинителство и актуелната власт продолжуваат брутално да ги кршат сите правни, морални и човечки принципи.

Премиерот, откако го заплаши обвинителот дека ќе изведе луѓе на улица против него, сега целосно го има потчинето и се однесува истовремено и како обвинител и како судија.

Ако улицата е решението, тогаш време е сите граѓани да им се придружат на семејствата на жртвите од Кочани и да побараат правда – на мирен, но решителен начин, на улица“, стои во реакцијата на Бектеши.

29.04.2025 - 17:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега