Обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана, потврди Комисијата за заштита од дискриминација

 

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација потврди дека обвинителката Ленче Ристоска, која беше дел од СЈО, а аплицира за позиција во Вишото јавно обвинителство, била дискриминирана.

Таа посочи дека Комисијата ја уважила нејзината претставка и утврдила директна продолжена дискриминација како потежок вид на дискриминација по основ на лично својство и општествен статус извршена од страна на Советот на јавните обвинители.

„Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја уважи мојата претставка и утврди директна продолжена дискриминација како потежок вид на дискриминација по основ на лично својство и општествен статус извршена од страна на Советот на јавните обвинители.
Во време кога е модерно да се декларират заложби за етичко лидерство во институциите и култура на професионален и личен интегритет, како и родова и секој друг вид рамноправност, декларативноста треба да се замени со практична и јавна подршка на поединците што ги поседуваат овие квалитети и ги водат овие битки.

Воведувањето мерит-систем наспроти практикување дискрециски областувања, ќе влијае на зголемување квалитетот на работата и консеквентно на довербата во јавнообвинителскиот систем бидејќи е едно од најсилните оружја против корупција, клиентелизам и дискриминација“, пишува Ристоска на социјалните мрежи.

Советот на јавните обвинители не ја избра обвинителката за Вишото обвинителство и посочи: „Ленче Ристоска е добар обвинител, но млада за Вишото јавно обвинителство и возраста е таа што вчера, не само нејзе туку и на другите млади обвинители со добри достигнувања, ѝ се испречи на патот за унапредување“.

14.12.2023 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега