Ново ривалство меѓу Цукерберг и Маск: „Мета“ лансира ривал на „Твитер“

 

 

Сопственикот на „Фејсбук“, односно „Мета“, Марк Цукерберг, оваа недела ќе лансира нова апликација, која ќе му конкурира на „Твитер“.

Ривалот на „Твитер“ во продукцијата на „Мета“ ќе биде објавен в четврток.

Апликацијата наречена „Тредс“ и достапна за претходна нарачка на „Епл стор“ ќе биде поврзана со „Инстаграм“.

Снимките од екранот на „Епл стор“ покажуваат контролна табла што изгледа слично на „Твитер“.

„Мета“ го опишува „Тредс“ како „апликација за разговор базирана на текст“.

Овој потег е последен во ривалството меѓу шефот на „Мета“, Марк Цукерберг, и сопственикот на „Твитер“, Илон Маск.

05.07.2023 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега