Нови пожари во Грција: Гори шума на остров близу Турција - жителите се евакуираат
На грчкиот остров Хиос, кој се наоѓа во Егејското Море во близина на територијата на Турција, синоќа избувна пожар во шумска област недалеку од селото Катавасис, северозападно од градот Хиос, кој набрзо зафати голем простор
Околу еден час по полноќ, беше испратена порака до жителите на селата Диејка и Катавасис да се евакуираат во Волисос, јави грчката државна телевизија ЕПТ.
Во раните утрински часови во гаснењето на пожарот учествуваа пет авиони и четири хеликоптери, од кои едниот се користи за координација на операциите за гаснење на пожарот.
На терен се вкупно 90 пожарникари, од кои 10 пожарникари стигнаа со брод од островот Лезбос и 27 пожарникари кои долетаа од Атина, поддржани од 18 противпожарни возила.
Според грчката телевизија, позитивно е тоа што престанал силниот ветер, што им ја олеснило работата на противпожарните единици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа