Новата претставничка на УНИЦЕФ, Лесли Милер му ги предаде акредитивните писма на министерот Муцунски

Новоименуваната претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија Лесли Милер, му ги предаде акредитивните писма на министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, соопштија од Канцеларијата на УНЦХР во Скопје.

Министерот Муцунски изразил благодарност за 30-годишното партнерство меѓу Владата и УНИЦЕФ во земјава и истакнал дека истакна дека промената во општеството мора да започне од децата и нагласи дека продолжувањето на оваа соработка е важно за унапредување на детските права. 

-Милер упати пофалба до министерот за достигнувањата на земјата во областа на децата, забележувајќи дека откако е ратификувана Конвенцијата за правата на детето пред 30 години, законодавно-политичките рамки се подобрени, а вака зајакнатите системи придонесуваат за подобрување на правата и благосостојбата на децата, се вели во соопштението од УНИЦЕФ. 

Уважувајќи ги аспирациите на земјата за поодржлив социо-економски развој и подобра благосостојба на сите нејзини граѓани, претставничката на УНИЦЕФ се обврзала дека ќе продолжи да соработува со Владата за да се одговори на потребите и да се заштитат правата на децата и нивните семејства. Оваа соработка, според неа, значи продолжена поддршка на важни реформи во здравството, образованието, детската и социјалната заштита, правдата и животната средина, како и решавање на новите предизвици за децата. Таа додала дека новата програма за земјата (2026-2030) ќе биде единствена можност да се обноват заедничките заложби за сите деца во земјата – особено за најранливите девојчиња и момчиња – да напредуваат, да учат, да бидат заштитени и вклучени.

Пред да стапи на должност во Северна Македонија, Лесли Милер била заменик-претставник на УНИЦЕФ во Виетнам. Таа има повеќе од 30 години искуство во УНИЦЕФ на повеќе лидерски, партнерски и програмски позиции. Покрај службата во Виетнам, работела и во Србија и Камбоџа, во Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија со седиште во Женева и во седиштето на УНИЦЕФ во Њујорк. 

02.07.2024 - 13:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега