Марина Димовска го помина комисискиот филтер за генерален секретар на Собранието

 

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска дадоа поддршка Марина Димовска да биде избрана за генерален секретар на Собранието на Република Македонија.

Димовска е дипломиран политиколог и магистер на економски науки од областа на меѓународна економија. Таа работи во Собранието од 2009 година.

За заменик генерален секретар на Собранието е предложен Никола Ѓошевски, кој е дипломиран правник и магистер по корпоративното право.

Предлозите Димовска и Ѓошевски треба да бидат изгласани на наредна седница на Собранието.

Во рамки на оваа седница на Комисијата беа утврдени и Предлог-одлуките за членови на делегациите на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа, во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, во Интерпарламентарната унија, во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива,во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација…

04.07.2024 - 16:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега