Се најавува големо невреме во Грција, издадено мето предупредување

 

Денеска и утре се очекува Грција да ја зафати силно невреме, кое ќе биде придружено со силен дожд, грмежи и град, соопшти Националната метеоролошка служба.

Националната метеоролошка служба издаде итно предупредување за промена на временските услови во Грција.

Исто така, беше посочено дека најинтензивно невреме се очекува денес и дека невреме ќе има во претежно планинските предели во централниот и северниот регион.

Температурата само малку ќе опадне и ќе се движи околу 30 степени. Западно-северозападен ветер со исклучителен интензитет се очекува на Јонското Море.

Невремето денеска ќе стигне до северниот дел на Егејското Море и кон копното на Грција. Подрачјата што ќе бидат зафатени се: Тракија, Халкидик, Тесалија, Споради, Стерија, Пенелопез и Евија.

На наведените места се очекува драстичен пад на температурите.

Предупредување за невреме е издадено и во Атика и Беотија.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита им препорачува на граѓаните да бидат внимателни и да ги преземат сите заштитни мерки. Посебно предупредување има за областите во кои се очекуваат обилни врнежи, бури и силен ветер.

Од утре се очекува разведрување и враќање на реалните летни температури, кои се очекуваат за викендот.

04.07.2024 - 09:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега