Тешко повреден малолетен велосипедист во сообраќајка со автомобил

Вчера во 15.45 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Партизанска“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед, управуван од малолетник од Радовиш и патничко возило „цитроен“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Г.П.(28) од Радовиш.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

04.07.2024 - 16:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега