Нова ескалација на насилството: Хамас одговори со ракета, договорот за прекин на огнот под знак прашање
Израел ги интензивираше нападите врз Газа и покрај најавата дека е постигнат договор за прекин на огнот со Хамас и ослободување на заложниците, што треба да стапи на сила во недела.
Израелските напади продолжија во текот на ноќта и рано утринава, при што загинаа најмалку 46 Палестинци, соопштија здравствените власти во Газа, пренесе Ројтерс.
Хамас утринава истрела ракета кон Израел, соопшти израелската војска, наведувајќи дека во нападот нема жртви.
Комплексниот договор меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас беше финализиран вчера по неколкумесечни преговори со посредство на Катар, Египет и Соединетите држави, по 15-месечното крвопролевање кое го опустоши Појасот Газа и се закани дека Блискиот Исток ќе го претвори во држава на општ конфликт.
Високиот функционер на Хамас Басем Наим потврди дека милитантната група го прифатила договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците со Израел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа