Лефков: Македонија тонеше со години, затоа што Груби и таквите како него крадеа

 


До кога мислат во СДС дека ќе бегаат без да се извинат за Артан Груби?, праша на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Артан Груби направи милионски криминал во влада чиј премиер беше од СДС, во влада каде МВР го водеше СДС и влада во чие време судството и обвинителството испорачуваа под партиски притисок. Во такво време нема никаква можност СДС да не знаеле за криминалот на Груби, рече Лефков.

„Повеќе од јасно е дека го одмолчеле, а сега исто како тогаш го одмолчуваат и мислат дека народот ќе им заборави.

СДС треба да знаат дека најмалку што му должат на народот е извинување за криминалите кои дозволија да ги направи Артан Груби.

Македонија тонеше со години, затоа што Груби и таквите како него крадеа.

Одговорноста дојде и одговорност за секој има. Само СДС како политичка партија не сфати дека мора да излезе и не само јавно да се огради од Груби, туку и да се извини за него“, истакна Лефков.

16.01.2025 - 12:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега