Опожарени четири автомобили во Капиштец

 

На 27.08.2025 во 02.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Центар, било опожарено патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски таблици, сопственост на правно лице.

Од огнот, информира МВР, биле зафатени и патнички моторни возила „шевролет авео“ со охридски регистарски таблици, сопственост на М.И. (21) од Охрид, „фиат пунто“ со скопски регистарски таблици, сопственост на Е.Т. (20) од Скопје и „сузуки“ со скопски регистарски таблици, сопственост на С.М.(54) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид ќе се врши во текот на денот.

27.08.2025 - 10:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега