Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја закопа таа длабока држава која 30 години ја гуши државата
Покажавме дека 4 години работиме за секој еден човек, и дека програмата која ја ветивме во најголем дел вие ја остваривте, напиша на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.
Покажавте срце и енергија за вашите општини, со секоја промена која ја направивте, нагласи Мицкоски.
„Ги вративте вашите општини на вистинскиот пат, патот на промените, инвестициите, на градењето паркови, улици, градинки, училишта. ВМРО-ДПМНЕ е гаранција дека овој народ ќе ја врати иднината во свои раце, дека ќе ја врати правдата и редот и дека ќе ја закопа токму таа длабока држава која 30 години ја гуши државата“, потенцираше премиерот.
Покажавме дека 4 години работиме за секој еден човек, и дека програмата која ја ветивме во најголем дел вие ја остваривте. Покажавте срце и енергија за вашите општини, со секоја промена која ја направивте. Ги вративте вашите општини на вистинскиот пат, патот на промените,… pic.twitter.com/cMRImNCRwN
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) August 26, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа