Две деца се убиени, а 14 повредени откако вооружен маж влезе во католичко училиште во Минеаполис

 

Две деца на возраст од 8 и 10 години се убиени, а вкупно 17 луѓе се повредени откако маж отвори оган во католичко училиште за време на утринската миса, нешто пред 08:30 часот по локално време, во јужниот дел на Минеаполис.

Како што јавуваат американските медиуми, вооружениот напаѓач, на возраст од околу 20 години, извршил самоубиство. Според сведоштвата кои ги објавија американските медиуми, забележан бил маж облечен во црно кој носел пушка со себе. 

Локалните власти соопштија дека во моментов нема никаква закана. 

Според Фокс Њуз, во инцидентот повредени се 17 лица, од кои 14 се деца. 

Инцидентот се случува само два дена по почетокот на учебната година во приватното католичко училиште со 395 ученици, а кое е поврзано со Благовештенската католичка црква. Нападот се случи за време на утринската литургија на која присуствувале децата.

Во Минеаполис, службите само вчера регистрирале уште три други вооружени инциденти во кои загинале три, а седум луѓе се повредени. 

 

 

27.08.2025 - 18:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега