Ермира Мехмети на Facebook: Муслиманите да се обединат против Скопје 2014

 

Албанците не можат сами да го чуваат муслиманското наследство на Скопје. Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети на социјалните мрежи повика на муслиманско обединување против проектот Скопје 2014. Нејзината реакција уследи по настапот на турскиот воен оркестар Мехтер на централниот градски плоштад

„Денеска Мехтер настапуваше во новиот центар кај Комплексот Скопје 2014,токму на влезот на Камениот Мост,овде во Скопје.
Без намера погрешно да бидам разбрана,сакам да ги поставувам моите дилеми во однос на создадената слика. Гости на културниот настан беа високи претставници на турската држава.

Како се чувствувале тие,кога на влезот на Камениот Мост, автетичниот симбол на отоманското наследство на нашето Скопје,ги виделе како стражарат,Свети Кирил,Методиј,Климент и Наум?

Како се чувствува пратеникот и лидерот на Демократската Партија на Турците во Македонија,како член на големата коалиција на ВМРО,кога ги гледа градбите кои претставуваат еден политички проект за да ја маргинализираат отоманското и муслиманското наследство на Скопје?

Дали домаќините Mакедонци им објасниле на почитуваните гости од Турција, дека Културниот препород е измислен во политичките лаборатории, и дека не им се посветува внимание на сите вредности на разните верски различности и идентитети во Скопје,и поради ова одбиено е повторно да се изгради Бурмали Џамијата.
Овие се само неоколку дилеми кои ми се укажаа додека ја следев одличната изведба на Мехтер“, вели Ермира Мехмети на својот ФБ профил.
На крајот таа повикува на широка коалиција против проектот Скопје 2014.
Поставувајќи ги овие прашања,само сакав да потсетам дека не треба и не можат само Албанците да бидат чуварите на вредностите и отоманското и муслиманското наследство во Скопје. Тоа што треба е една широка коалиција на тие што ја негираат Скопје 2014 и овде турската заедница треба да има посилен глас. Само реков..“ -пишува на постот на Ермира Мехмети на ФБ.

26.06.2014 - 11:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега