Тридневен штрајк на адвокатите во Србија

Адвокатите во Србија од денеска стапуваат во тридневен штрајк во знак на протест поради одлуката за зголемување на даночните обврски за паушално плаќање на давачки.

Поради штрајкот нема да се одржуваат судења, истраги и сослушувања во полиција или Обвинителство во случаите каде според закон е неопходно присуство на адвокат.

- На собранието на Адвокатската комора на Србија е донесена одлука до 27 јуни во штрајк да стапат сите адвокати во земјата, изјави за Танјуг претседателот на комората Драгољуб Ѓорѓевиќ.

25.06.2014 - 09:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега