Хаос во Германија пред мечот Србија-Данска: Навивачите фрлале шишиња, полицијата солзавец

На Европското фудбалско првенство селекциите на Србија и Данска денеска во 21 часот треба да одиграат натпревар од последното коло. Неколку часа пред почетокот на натпреварот албански навивачи пристигнаа на Маријен Плац. Дошло до конфликт и биле фрлани шишиња меѓу навивачките групи.

Германската полиција се обиде да ги спречи нередите со фрлање солзавец, а потоа почнаа мали судири меѓу српските навивачи и органите на редот.

Навивачите на српската репрезентација имаа спремни навреди за германската полиција која брзо пристигна на лице место.

25.06.2024 - 18:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега