Се огласи таткото на девојчето (13) кое настрада од гром на плажа на Халкидики: Се кае за една одлука
Родителите на девојчето (13), кое рано денеска на плажата на Халкидики го усмрти гром, се во шок и не можат да поверуваат што се случило со нивната ќерка.
Според таткото на девојчето, семејните безгрижни моменти се претвориле во кошмар кога гром ги погодил неговата ќерка и сопругата. Девојчето починало на лице место, додека неговата сопруга е повредена.
Тој вели дека денеска фамилијарно отишле на пливање и дека кога почналo да врне, излегле од морето. Додека биле на плажа, пред нив удрил гром, а неговата сопруга и ќерката паднале на песокот.
„Моето девојче повеќе не стануваше“, вели неутешениот татко.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа