Бидете претпазливи: Се почести измами со биткоини во Македонија

 

Полицијата во Куманово пријави нов случај на измама со биткоини, втор за една недела. 59-годишна жена тврди дека била измамена за 88.338 денари. Таа го пријавила случајот во СВР Куманово, објаснувајќи дека за да ја добие ветената добивка од биткоините, земала брз кредит.

Според пријавата, измамникот се претставил како претставник на „агенција за биткоини“ и ѝ рекол дека на нејзината сметка има биткоини во вредност од 900.000 денари. Тој побарал да го даде бројот на нејзината трансакциска сметка за да ги префрли парите. За да се направи трансакцијата, требало да има одредена сума на сметката, па таа подигнала брз кредит, но парите биле повлечени од сметката, без да добие ветените биткоини.

СВР Куманово веќе презема мерки за расчистување на случајот.

Претходно, на 15 ноември, 45-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен за 200.000 денари. Измамникот му рекол дека има биткоини на сметката во вредност од 14.500 долари и побарал да го достави бројот на својата трансакциска сметка за да ги префрли парите. И тој, како и жената, ззел брз кредит, но парите биле повлечени без да добие било каква добивка.

22.11.2024 - 19:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега