Килијан Мбапе е во Лајпциг без маска на лицето
Селекцијата на Франција денеска пристигна во Лајпциг за мечот со Холандија кој ќе биде одигран утре во рамките на второто коло во групата Д.
Првата ѕвезда на „триколорите“, Килијан Мбапе, беше виден без завој и маска. Тоа им дава надеж на навивачите дека брзоногиот играч кој заработи скршеница на носот на мечот со Австрија, ќе може да игра против „лалињата“.
Напаѓачот мора да добие заштитна маска за да има време да тренира и да се се адаптира на неа.
20.06.2024 - 17:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа