Груевски-Заев: За техничка Влада нема шанси

 

Нема техничка влада како што бара лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги потврди позициите на својата партија за денешната средба со лидерот на СДСМ за подобрување на политичкиот дијалог. По стандардното поздравување се очекува прв во Kлубот на пратениците да проговори Заев, кој треба да образложи зошто опозицијата е во бојкот и кои се неговите барања, како тоа за техничка влада и нови избори. Во воведниот збор, пак, Груевски ќе се повика на тоа дека и покрај тоа што ќе смета оти не било неопходно, неговата партија е подготвена на овие преговори за доброто на државата. Веројатно е дека Груевски ќе повика и на поодговорен пристап на политичките чинители во државата. Вакво сценарио за средбата прогнозираат познавачи од двете партии, анализира Дневник.

Груевски вчера на прес-конференција потврди дел од ваквиот најавен амбиент велејќи дека „по почетокот на разговорите очекува СДСМ да престане да и прави штета на државата“.

Целата анализа прочитајте ја во Дневник.

24.06.2014 - 10:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега