Спасов: Продолжува поддршката на СОС Детско село

 

СОС Детското село во Скопје денеска го прославува денот на „СОС Детското село“ кое во Македонија функционира од 2002 година. На одбележувањето присуствуваше министерот за труд и социјала, Диме Спасов, на кој му беше врачено признание за досегашната поддршка за СОС Детско село Македонија.

Министерот Спасов пред присутните истакна дека тоа е потврда за заложбите што ги спроведува Министерството за труд и социјална политика во однос на децата  без родители и родителска грижа:  - Во последниве неколку години во Република Македонија интензивно се работи на развивање на формата сместување во згрижувачко семејство како вонинституционална форма на заштита која се применува долг период на нашите простори, рече министерот Спасов, потенцирајќи дека Министерството за труд и социјална политика и приватната установа „СОС Детско село“ во 2013 година потпишале меморандум за соработка со кој дополнително ја зацврстиле соработката.

Спасов во оваа прилика го  најави  проектот за зголемување на бројот  на згрижувачките семејства во Република Македонија како и  започнување на Кампања „На секое  дете  му е потребно семејство“.

- Со овој проект предвидуваме популаризација на згрижувачкото семејство, широки промотивни активности на центрите за социјална работа и на Министерството, целосна медиумска кампања, преку кои сакаме да ги информираме граѓните за придобивките, важноста и хуманата димензија и мисија на згрижувачките семејства, рече Спасов.

Во Република Македонија има 180 згрижувачки семејства во кои се згрижени 288 деца без родители и без родителска грижа, при што покрај зголемувањето на бројот на згрижувачки семејства планирано е и зголемување на паричниот надоместок за 25 проценти за овие семејства почнувајќи од јуни 2015 година.

Спасов нагласи дека за сите деца кои до 18-годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа, преземени се низа мерки за нивно социјално вклучување и материјално обезбедување како програмата за вработување Д 10, еднократната парична помош,  обезбеден е паричен надоместок за студирање, магистерки и докторски студии во износ од 12.000 денари, доколку користи социјален стан под закуп, или 24.000 денари доколку не користи социјален стан под закуп...

Министерот за труд и социјална политика најави дека Владата и министерството со кое раководи и натаму во прв план ќе ги имаат децата без родители и родителска грижа и притоа истакна дека државата ќе продолжи да им помага со своите мерки и активности. 

20.06.2014 - 13:08
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега