Судот пресече: 40 години затвор за убиецот на манекенката Червенко

Даријан Мишиќ, убиецот на манекенката Владислава Червенко, кој брутално ја измачуваше, а потоа и ја уби во нејзиниот стан на 12 ноември 2012 година, за грозоморното дело кое го направи, си заработи 40 години затвор, пренесе српскиот Блиц.

Во јули минатата година Мишиќ беше осуден на 35 години затвор, но Апелациониот суд ја укина оваа одлука и го врати судскиот процес од почеток, по барање на адвокатот на убиецот.

Новиот судски процес започна во март годинава. 

За потсетување, Даријан ја уби Владислава Червенко во нејзиниот стан во Нови Сад. Како што потврдија вештаците, тој брутално ја мачел, и го скршил секое ребро на телото, а потоа и ја убил, поради љубомора. Даријан се обиде да докаже дека бил непресметлив за време на убиството, но вештаците го потврдија спротивното.

17.06.2014 - 13:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега