Одбележани 71 година од масакрот во Ваташа
На спомен-обележјето во спомен паркот Моклиште кај Ваташа, денеска беше одбележана 71-годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци.
Свое обраќање пред присутните имаше професорот по историја Мики Камчевски.
- Селото Ваташа во текот на својата многувековна историја има дадено плејада револуционери и борци за слобода на својот народ кои со своите дела го одбележаа времето во кое што живееја. Ова тиквешко село со право може да се нарече не само револуционерен, туку и културно просветен центар на Тиквешијата, бидејќи истото даде голем број преродбеници и просветители, како во постарата така и во поновата историја на овој крај, рече Камчевски.
Во рамки на денешното одбележување на 71 годишнината од стрелањето на младинците, цвеќиња положија голем број делегации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа