Утре тргнува караванот за „Фискална во рака - награда без мака“

 

На 30 јуни, со директен пренос на МТВ  ќе се одржи седмото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“. Во ова коло ќе бидат извлечени добитниците на стан, деловен простор, автомобил и  150 вредносни ваучери. Неизвлечените коверти од второто, третото, четвртото, петтото и шестотото извлекување, кои се чуваат од страна на приредувачот Државна лотарија на Македонија,  заедно со испратените коверти во текот на овие денови, ќе учествуваат во  ова 7мото извлекување.

Досега од наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделија еден стан – на добитникот Трајко Кузмановски од Куманово, еден деловен простор на добитникот од Струга – Димитар Миладинов, пет автомобили на:  Панде Мановски од с. Буково Битола, од прво извлекување; Перица Јанковска од Прилеп, од второ извлекување; Филиповска Весна од Штип, од трето извлекување; Розита Шијакоска од Прилеп од четврто извлекување и Милица Поповска од Неготино, од петтото извлекување. Покрај главните награди за претходните пет извлекувања доделени се и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1000 денари на добитници ширум Македонија.

Во сите извлекувања до крајот на наградната игра, може да се учествува со коверти со по дваесет фискални сметки од најран датум 15ти ноември 2013та. Независно дали ковертот се испраќа по пошта или се остава во наменска кутија, на ковертот мора да е напишана целосната адреса на примачот: 

Државна лотарија на Македонија

Бул. Гоце Делчев, бр. 8, поштенски фах 363

За наградната игра Фискална во рака – награда без мака 

И за 30то коло, Државна лотарија на Македонија организира караван кој ќе започне во вторник 17 јуни, па се до недела, 29 јуни. Ова ќе биде караван со најголема покриеност на градови низ Македонија досега. Во текот на овој караван на Државна лотарија на Македонија, ќе бидат поставени пунктови со наменски кутии, во кои граѓаните ќе можат да ги остават своите коверти за учество во Наградната игра. Пунктовите ќе бидат отворени од 11:00 до 18:00 часот на локациите прикажани во распоредот:

 

 

 

16.06.2014 - 10:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега