Рокот за поднесување барања за субвенции за млеко е до недела

 

Во недела истекува рокот во кој млекопроизводителите можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за произведено и продадено кравјо, овчо и козјо млеко во регистрирани млекарници во период од 1 јануари до 30 април годинава.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека висината на субвенцијата е 3,5 денари по литар.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

13.06.2014 - 08:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега