До 15 јуни може да се поднесе барање за субвенции за млеко
Млекопроизводителите до 15-ти овој месец можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за произведено и продадено кравјо, овчо и козјо млеко во регистрирани млекарници во период од 1 јануари до 30 април годинава, потсетува Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Висината на финансиската поддршка е 3,5 денари по литар. Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
12.06.2014 - 16:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа