Стојаноски: СДС претставува дефиниција за машина која произведува мизерија

 


„Водите опозициони политики исто како што водевте политики кога бевте на власт. Со лажење и манипулирање, но заборавате една важна работа а тоа е дека на лагата и се кратки нозете. Не сум загрижен за тоа што вие како партија го правите, бидејќи мора нешто да направите соочени сте прво со историски пораз, а потоа со неуспеси во вашите политики“ , изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.

Стојаноски јасно истакна дека СДС мора да научат да се насочат кон  реал политика и да не шират дезинформации. Дополнително додаде дека бедна е нивната намера да се обидуваат да го манипулираат народот со лаги кои постојано им се рушат.

„Но мене она што ми пречи е што тие лаги кои ги кажувате имаат последици во општеството. Политичарите треба да се научат дека кога креираат политика и кога се во политички партии треба да бидат сериозни и не треба да креираат политики коишто се базираат на лаги“ , додаде Стојаноски.

Стојаноски посочи дека СДС единствено што остави е долг на идни поколенија исто така јасно даде до знаење дека СДС нема кредибилитет да нуди политики. Затоа што СДС претставува дефиниција за машина која произведува мизерија.

„Знаете кој ќе враќа три поколенија пари? Ќе ги враќа Владата на ВМРО-ДПМНЕ, тие коишто ги зема СДС, коишто ги испокраде.

Политика се води кога е човек е сериозен, економија се креира без вакви евтини лаги  коишто треба да купат одреден ден или да тераме политика купи-ден продај. За ваше добро е да бидете посериозни кога ги општите овие работи во јавност затоа што е смешно. Во иднина посериозно гледајте на овие суштински работи“, дециден беше Стојаноски.

25.11.2024 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега