Еве колку невработени има во Македонија

 

Бројот на невработени во првиот квартал од годинава изнесува 272.115 лица. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност е 28,4 отсто и е за 1,5 процент пониска од првиот квартал во 2013 година.

58,8 отсто од невработените се мажи, а жени се 41,2 отсто. Според возраста, од 15 до 24 година невработени се 52,8 отсто од 25 до 49 невработени се 25,2 отсто, од 50 до 54 години 23 отсто и над 65 години невработени се 27,8 проценти.

Oд невработените, без образование се 3.719 лица, со незавршено основно образование 9.394, со основно 61.497, со тригодишно средно образование 24.276, со четиригодишно средно образование 131.712 лица, со више образование 3093 и со високо образование 38.425 лица.

Во овој квартал вкупно биле вработени 686.277 лица.

12.06.2014 - 13:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега