Сончевото време ќе продолжи и утре
Во Македонија утре не очекува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локален краткотраен дожд.
Температурата ќе се движи од 17 до 29 степени.
Во Скопје слично време, со температура до 26 степени.
УВ-вредноста ќе изнесува 6.