15 сообраќајки во Скопје - четворица сериозно повреди

На подрачјето на Град Скопје во изминатото деноноќие се случиле вкупно 15 сообраќајни незгоди.

Седум од сообраќајките се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле четворица возачи на патнички моторни возила и шест сопатници.

Се случиле и три сообраќајки со тешки телесни повреди во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко возило, еден пешак, еден сопатник и еден возач на мопед.

Во Скопје вчера се случиле и две незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Сообраќајната полиција вчера  открила и казнила 23 возачи кои брзо возеле. Од нив, 13 возачи со возилата се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, двајца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, пет возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола и шест возачи кои не го користеле сигурносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Казни заработија и девет возачи на велосипеди со помошен мотор, мопед и мотоцикли. Од нив на осум возачи од оваа категорија покрај поканата за наплата на глоба, издадена е и покана за присуство на сообраќајна поука.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 41 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Срничка“, објект „Изворче“, која се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

11.06.2014 - 08:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега