Македонскиот моден дизајнер ја загуби битката со ракот

 

Македонскиот дизајнер Зоран Гаревски коj стана етаблирано име во модната сфера во Словенија по долго боледување од рак, вчера почина на 43 годишна возраст.

Во текот на студиите на Факултетот за природни науки, Зоран Гаревки работел на различни места, па запознавањето со разни профили на луѓе и работејќи на проекти, полека започнува да го трасира патот кон словенечката модна сцена.

Прерано згаснатиот живот на Зоран допринесе голем број колеги да го споделат своето искуство со него, зборувајќи исклучително во суперлатив.  „Тој беше силен човек кој знаеше како функционираат работите, секогаш релаксиран и спремен да ги насмее сите околу себе. Токму затоа беше омилен меѓу дизајнерите и пријателите“ – изјави Петја Зорец, една од дизајнерките која беше дел од хуманитарната модна ревија организирана во текот на модната недела во Љубљана, со цел собирање на финансиски средства за потребите на модниот дизајнер.

 

 

09.06.2014 - 21:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега