Стипендии за студии во Грција, Русија и во Унгарија

 

Македонските студенти во следниот период ќе имаат можност за стручно усовршување во Грција, Русија и Унгарија соопштуваат од Министерството за образование и наука.

Преку Државната фондација за стипендии, на студентите им се нудат 20 стипендии за докторски и постдокторски истражувања во Грција , додека Рускиот државен универзитет од Санкт Петербург доделува стипендии за редовни додипломски, постдипломски или докторски студии за академската 2014/2015 година.

Студентите имаат можност да се пријават и за целосна стипендија на Унгарскиот карпатски летен факултет, кој го организира Факултетот за науки Еотвош Лоранд од 8 до 13 јули. Факултетот е организиран во четири различни модули - правни науки, природни науки, хумани науки и информатика.

Дополнителни информации за пријавувањето, условите и потребните документи за секоја од стипендиите може да се најдат во конкурсите објавени на порталот за стипендии на Министерството за образование и наука,www.stipendii.mon.gov.mk.

Крајниот рок за пријавување за стипендиите во Русија и летната школа во Унгарија е 15 јуни, додека електронските пријави за студиските стипендии во Грција треба да се достават најдоцна до 16 јуни.

09.06.2014 - 14:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега