Еве колку одобренија за градење се издадени во април

 

Во април годинава се издадени 205 одобренија за градење, што е за 14,9 проценти  помалку во однос на април лани.

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 12.548.297.000 денари, што е за 353,1 процент повеќе во однос април минатата година. Зголемената предвидена вредност се должи на изградбата на останатите делници од новите два капитални проекта за автопати. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 130 (63,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 37 (18,1 процент) за нискоградба и 38 (18,5 проценти) за реконструкција. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 422 стана со вкупна корисна површина од 36.734 метри квадратни.

09.06.2014 - 13:24
Фото: 
а1.он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега