Сензорни и терапевтски соби за деца со посебни потреби

 

Во Дневниот центар за деца со посебни потреби во Гевгелија денеска ќе биде промовиран проектот „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници“, кој е финансиран од Европската унија.

Проектот го спроведуваат Фондацијата „Аполонија“ и Македонското научно здружение за аутизам, а програмата ќе ја промовираат претседателот на УО на Фондацијата „Аполонија“ Марија Клинг, градоначалникот на Општина Гевгелија Иван Франгов, сопругата на претседателот Маја Иванова и шефот на Делегацијата на ЕУ Аиво Орав.

По промоцијата ќе бидат отворени терапевтска соба во Дневниот центар за деца со посебни потреби во Гевгелија и сензорните соба во ООУ „Петар Мусев“ во Богданци, ООУ „Кочо Рацин“ во Нов Дојран и во ООУ „Јосип Броз Тито“ во Валандово.

Собите се наменети за индивидуална работа и третман и со децата со посебни потреби од четири општини од Југоисточниот регион: Гевгелија, Дојран, Валандово и Богданци, кои ќе работат во склоп на училиштата како дополнителен сегмент на наставниот процес, создавајќи подобри услови за инклузија на децата со посебни потреби. Сензорните соби и терапевстската соба ќе бидат отворени и за време на летниот период.

Проектот, чија цел е да се зголеми социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби, е финансиран преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права со 77.000 евра.

09.06.2014 - 09:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега