Ректорот на Московската духовна академија од денеска во Македонија

 

Од денеска до 13 јуни во официјална посета на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) ќе престојува делегација од Московската духовна академија (МДУ), на чело со Архиепископот Верејскиј г. Евгениј, ректор на Академијата.

Г. Евгениј и делегацијата од МДУ денеска се сретнат со ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски и со деканот на Православно-богословскиот факултет проф. д-р Ацо Гиревски.

Во рамки на посетата на земјава, Архиепископот г. Евгениј ќе посети повеќе цркви, манастири и културно-историски споменици.

Ректорите на УКИМ и МДУ, Стојковски и архиепископот Верејскиј г. Евгениј потпишаа договор за соработка во јануари минатата година.

Како што посочуваат од УКИМ, посетата на делегацијата на МДУ е од големо значење, не само за Универзитетот, туку и пошироко, во насока на зацврстување на македонско-руските пријателски односи. 

09.06.2014 - 08:58
Фото: 
Либертас
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега