Гешковска не попушта под притисоци: За Монструм имаме цврсти докази

 

Обвинителката во случајот Монструм, Гордана Гешковски вели дека серијата притисоци во врска со судскиот процес за петкратното убиство кај Смилковското Езеро не може да ги побие цврстите докази кои што ги имам обвинителството. 

„Растечките притисоци за случајот „Монструм“ пред да се донесе првостепената судска пресуда не можат да ги исплакнат доказите за тероризам за овој случај. Јас во целост останувам на моите завршни зборови што ги кажав на крајот од судската постапка бидејќи тие се базирани на цврсти докази и на изјави од сведоци“ - вели Гешковски во анализата на весникот Дневник во која се констатира скандалозен притисок врз првиот обвинител во овој случај. 

Целата анализа прочитајте ја тука

08.06.2014 - 23:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега