Пресврт во последен момент: Спиро Ристовски сепак останува во Владата

 

Актуелниот министер за образование, Спиро Ристовски сепак останува во новата Влада.

Како што дознава Press24 од партиски извори, тој ќе остане во Министерството за образование но ќе му биде заменик на Абдулаќим Адеми. Според информациите, во ВМРО-ДПМНЕ биле исклучително задоволни од неговиот мандат и залагањата во едно од министерствата во кои има најмногу работа. ВО најголемата владејчка партија особено поитивно се гледа во ангажманот на Ристовски околу спроведувањето на проектот Државна матура и екстерно тестирање. 

08.06.2014 - 16:06
Фото: 
Vlada.mk
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега