Груевски: Бесплатни елаборати за легализација за социјалните случаи

 

На корисниците на социјална помош бесплатно ќе им биде изработен елаборат за легализација на нивните дивоизградени објекти.

Ова денеска го најави мандатарот на идната влада и актуелниот премиер Никола Груевски.

- Ова беше ветено во нашата програма и на една од првите седници на владата ќе биде прифатено како закон кој потоа ќе биде доставен до Парламентот, а по неговото усвојување ќе стапи на сила, рече Груевски.

Тој ги отфрли како неточни стравувањата кои, како што рече, во последно време се шират дека доколку некој корисник на социјална помош ја легализира куќата, ќе му биде одземена социјалната помош.

- Тоа сакам најдиректно да го демантирам. Тоа се неточни гласини. Ова е едно од ветувањата на владата кое ќе биде експресно реализирано, потенцираше Груевски по денешната промоција на 12 нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни книги од кои се учи на врвните светски универзитети..

Според предвиденото оваа мерка треба да опфати околу 35 илјади корисници на социјална помош. 

08.06.2014 - 15:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега