Кумановчец нелегално приредувал игри на среќа - го оштетил Буџетот за 6,5 милиони денари

 

19 годишниот И.А. и 58 годишниот Е.А. од селото Матејче си заработија кривични пријави поради приредување на игри на среќа без лиценца и даночно затајување.

И.А. на почетокот на 2014 година во својство на физичко лице во деловен објект кој му припаѓал на Е.А., организирал и приредувал игри на среќа без да поседува лиценца за приредување на игри на среќа во обложувалницата издадена од македонската Влада.

И.А. во целост ја одбегнал давачката за надомест на лиценца во износ од 6.457.500 денари, оштетувајќи го буџетот на Република Македонија. Е.А. со намера да му помогне во извршување на кривичните дела, со усмен договор му го отстапил деловниот објект.

 

08.06.2014 - 13:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега