Ова се шестмината досегашни министри кои нема да бидат дел од новата македонска Влада
Талат Џафери, Блерим Беџети, Љупчо Димовски,Тахир Хани и Ваљон Сараќини. Ова се имињата на досегашните министри кои нема да бидат дел од новиот владин кабинет. Ним ќе им се приклучи најверојатно уште еден кадар од ВМРО-ДПМНЕ. Дали тоа ќе биде Диме Спасов или пак Спиро Ристовски, од владејчката партија не откриваат.
Високи извори од ДУИ ја потврдија информацијата дека Абдулаќим Адеми ќе биде нов министер за образование. Press24 веќе објави дека на местото на Талат Џафери доаѓа Емил Димитриев но ни оваа ифомрација нема официјална потврда од ВМРО-ДПМНЕ.
Високи партиски извори за Press24 потврдија дека од земјоделие си заминува Љупчо Димовски и дека на негово место доаѓа Михаил Цветков.
Во правда, Аднан Јашари го заменува Ваљон Сараќини, а Беким Незири од директорското место во ПИОМ се сели во Министерството за правда на местото на Блерим Беџети.
Во локалната самоуправа на местото на Тахир Хани доаѓа Лирим Шабани, а Хазби Лика најверојатно ќе го замени Абдулаќим Адеми во Министерството за локална самоуправа
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа