Спречена прес конференција на „Виножито” во Солун
Неколку часа пред почетокот на прес конференцијата, кога се беше веќе подготвено, претставниците на „Виножито” беа телефонски информирани од страна на одговорните во конференциската сала дека го откажуваат настанот и можноста за користење на салата, иако претходниот ден телефонски потврдија дека може да се користи. Ова го соопштија од партијата на Македонците во Грција „Виножито”, пренесе Нетпрес.
Одговорните во салата тврделе дека поради административни причини не може да дозволат да се одржи настанот, на кој што присуствуваа и тројца грчки новинари од печатените медиуми. Од „Виножито” и претходно изјавија дека изборите во Грција, традиционално, не минаа како слободни, фер и демократски. Како што јавува Нетпрес, гласачките ливчиња на „Виножито” ги немало во минумум 150 избирачки места, а истото се случувало и со луѓето што сакале да гласаат за партијата во странство, бидејќи во амбсадите немало наши гласачки ливчиња.
- „Во поранешна општина Овчарани имавме други проблеми. Таму влијаеле грчките бизнисмени и пратичкно им се заканувале на нашите луѓе дека не треба да гласат за Виножито, а дека ако гласаат можеби ќе ја загубат својата работа”, изјави еден од кандидатите на „Виножито” на овие избори, Јоргос Пападакис за Нетпрес.
Од „Виножито” изразуваат задоволство поради фактот што и покрај сите притисоци , уцени и нерегуларности, партијата бележи пораст на рејтингот од 30 проценти: - Ова е голема и силна порака. Ако се додадат и гласовите на партијата на етничките Македонци “Виножито” тогаш заедно имае околу 50000 – 55000 гласови што е многу силна порака и до Атина и до Брисел. Сега и Атина и Брисел нека го чујат гласот на малцинствата”, вели Деде.Иако двете партии во моментов немаат официјална соработка, според него таквата можност не се исклучува за блиска иднина. Вели дека првиот чекор е направен и наскоро очекува еден заеднички состанок на двете партии на кој што би се утврдила агендата што ќе и се достави на грчката Влада во однос на дилемите со кои што се соочуваат малцинствата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа