Заев и Шекеринска на средба со Филе
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радила Шекеринска денеска се во Брисел.
Предвидено е тие да имаат средби со комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе и во Партијата на европски социјалисти (групацијата на социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии од Европа).
Kaко што информираат од партијата, акцент на разговорите ќе биде ставен на актуелната политичка ситуација во Македонија и на можните излезни решенија што ги предлага Социјалдемократскиот сојуз.
05.06.2014 - 11:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа