На распродажба грчките плажи каде летуваат Mакедонци

 

Грција планира да приватизира 13 атрактивни плажи во целата земја, објавува Дневник. Дел од овие плажи, пишува весникот, се места каде најчесто летуваат Македонци. 

Како што пишува Дневник, грчкиот Фонд за приватизација на државниот имот (ТАИПЕД) ги нуди на долгогодишен закуп некои од најдобрите плажи на островите Родос, Елафонисос, Симос и Саракинос, но и плажи на Халкидик и во близина на Солун. Приватизацијата на плажите значи дека закупувачите ќе имаат право да им наплаќаат влез на посетителите.

На интернет - страницата на ТАИПЕД се објавени огласи за продажба на плажата во Аспровалта, „Агиос Јоанис“ на Ситонија, како и плажата „Агија Тријада“ близу Солун. Меѓу локациите кои се на продажба се и две плажи на островот Елафонисос во близина на Пелопонез, како и неколку на островите Симос и Саракинос. Овие плажи, се под заштита на Европската Унија поради уникатниот жив свет и околината. На продажба се и плажата „Афанту“ на островот Родос, како и „Термисија“ на Ермиони во близина на Пелопонез.

Закупувачите ќе ги добијат овие плажи во наредните 50 години и ќе имаат право да изградат сместувачки и угостителски објекти и да ги уредат по сопствена волја. Според грчките медиуми, грчките организации за заштита на животната средина и граѓаните на Грција се против оваа идеа, бидејќи сметаат дека со приватизацијата ќе се уништи морскиот брег, а посетителите и туристите ќе бидат обесправени бидејќи закупците ќе имаат ексклузивно право да го ограничат пристапот до нив.

Повеќе прочитајте на Дневник.

05.06.2014 - 10:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега