Рај за жените - погледнете што ќе се случува во ателјето на дизајнерката Олгица Ѓоргиева

 

Од 9. јуни до 16. јуни во модното ателје на дизајнерката Олгица Ѓоргиева ќе се одржи недела на распродажба на парчиња од претходните колекции на ГО. Љубителите на модните парчиња на ГО со кампањата која го носи името Affordable Fashion Week ќе имаат можност своето омилено парче од дизајнерката да го купат по значително намалени цени.

-Ги поканувам сите дами од 9 до 16 јуни да го посетат  нашето ателје и да ја искористат можноста да си го одберат совршеното ГО парче за ова лето сега по навистина намалени цени достапни за секого, вели дизајнерката Олгица Ѓоргиева.

Дел од големата распродажба ќе бидат модели од колекциите: "Something personal", “Eternity”, “Безвременост и Immorttaliy. Посетителите во ателјето ќе ги очекуваат и уште неколку изненадувања но ќе добијат и можност лично да се запознаат со модната дизајнерка. Олгица Ѓоргиева на македонската модна сцена е присутна од 2005 година и досега има издадено 14 сопствени колекции.

05.06.2014 - 10:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега