Воениот оркестар на АРМ денеска ќе настапи во Гостивар
Денеска на градскиот плоштад во Гостивар со почеток во 19 часот ќе се одржи промотивен концерт на Воениот оркестар на АРМ. Во рамките на програмата, на која ќе присуствува и командантот на 1. механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски, припадниците на баталјонот за почести, ќе ја изведат точката ,,ЕГЗИРЦИР“ со која ќе демонстрираат висока строева извежбаност во работа со пушка. Воениот оркестар во траење од околу еден час ќе изведе репортоар од различни нумери од познати светски автори, обработени за оркестарска изведба.
Воениот оркестар со денешниот промотивен концерт за прв пат гостува во Гостивар, а со кој продолжува реализацијата на проектот за соработка со локалната самоуправа во Република Македонија, чија основна цел е низ дружење Армијата да се доближи до граѓаните и во градовите каде АРМ нема гарнизони.
Со гостувањата на Воениот оркестар во Македонски Брод и Делчево, во текот на минатиот месец, започна реализацијата на годинешната програма на проектот ,,АРМ поблиску до граѓаните“, со кој до крајот од годината се планирани гостувања во повеќе градови низ Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа