Грант од над 4 милиони евра за новите проекти на Катастарот
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески во вторникот, во Тирана учестуваше на шестата по ред регионална конференција за катастар и земјишна администрација.
Трпески заедно со директорите на Агенциите за Катастар од Западен Балкан потпишаа со Шведската Агенција за Меѓународен Развој - SwedishInternationalDevelopmentAgency– SIDA), договор за грант во висина од 4 милиони и двесте илјади евра, средства кои ќе бидат наменети за новите стратешки проекти на Агенцијата како што се воспоставување на Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП), Регистар на цени и закупнини (масовна проценка) и Графички регистар на улици и куќни броеви.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа