Одбележан Националниот ден на Италијанската Република

 

По повод Националниот ден на Италијанската Република, во пресрет на претстојното Италијанско претседавање со Европската Унија во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа свечен прием на кој домаќини беа министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски и Амбасадорот на Италија во Република Македонија, Ернесто Масимино Белели.

На приемот приствуваа бројни гости, претставници на дипломатскиот кор како и Претседателот Ѓорѓе Иванов и Министерката за култура, Елизабета Канчевска.

Во воведните обраќања, Министерот Попоски и Амбасадорот Белели констатираа дека ЕУ не е целосна без земјите од Западен Балкан.

05.06.2014 - 09:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега