Македонија го одбележува Светскиот ден на животната средина
Петти јуни е Светски ден на животната средина, кој се одбележува во над 100 земји и вклучува милион жители од целиот свет. Oваа година има за цел да ја подигне свеста за влијанието на климатските промени над малите земји од целиот свет.
Светскиот ден на животната средина започна да се одбележува во 1972 година и прерасна во клучна алатка на ОН за инспирирање на позитивна акција за заштита на животната средина.
Во рамки на одбележувањето, во Скопје денеска ќе се одржи конференција „Последици од климатските промени - проблеми - решенија - дискусии - заклучоци“.
Конференцијата ја организираат Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со еколошкото здружение Гоу Грин, Амбасадата на Франција во Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Цементарница УСЈЕ и Сојузот на извидниците.
Целта е да бидат претставени последиците од климатските промени во Македонија, франција и Германија и да се дискутира за улогата на младите луѓе и на малите земји во создавање решенијан за нивно намалување.
По повод Светскиот ден за заштита на животната средина, Агенцијата за млади и спорт во соработка со градот Скопје, општина Гази Баба и Министерството за животна средина организира чистење на трим патеката во Парк шумата „Гази Баба“.
Партијата ДОМ организира двочасовен настан на плоштадот Македонија во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа