Еве за кои земји не треба да вадите меѓународна возачка дозвола

 

Државјаните на Р.Македонија со биометрска возачка дозвола можат да патуваат во Албанија, Италија, Шпанија и Словенија, но ако сакаат да патуваат во други земји, мора да извадат меѓународна возачка дозвола…

Меѓународната возачка дозвола чини 950 денари, а за нејзино вадење потребно е да имате две фотографии и документ за идентификација, лична карта или пасош. Таа оди во комплет со националната возачка дозвола и има важност од 3 години.

АМСМ информира дека освен во централата во Скопје, меѓународна возачка дозвола може да се извади и на граничниот премин Богородица, каде се издаваат и сите други потребни документи за излез на возилото од државата, како одобрение за управување на туѓо моторно возило надвор од државата, зелен картон и патничко осигурување.

04.06.2014 - 23:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега